Доколку чувствувате некоја болка пред или после вашето вежбање, пиењето на ибупрофен може да биде решението за вашите маки. За помалку од 20 минути апчињата си ја завршуваат својата работа. Болката се намалува, па можете да вежбате или да го поминете денот без проблеми.

Сепак, некои студии откриваат дека ибупрофенот и другите нестероидни лекови можат да му штетат на вежбањето бидејќи тие превентираат појавување на воспаление по вежбањето. Воспалението е неопходно за рекуперација на мускулите и тоа им помага на мускулите да стануваат поголеми и посилни.

Што се NSAID (нестероидни и лекови против воспаленија) и како ја намалуваат болката?

Ибупрофен е еден вид на NSAID лек. Овие лекови се најшироко користени медикаменти за намалување на болките, воспаленијата и треските. Ибупрофенот е најкористениот NSAID. Аспиринот и напроксенот се некои од другите видови.

NSAID работи на тој начин што го блокира производството на хемикалии во вашето тело кои се асоцираат со болките и воспаленијата, особено ензимите наречени COX. Постојат два вида на COX – COX-1 и COX-2.

Повеќето NSAID работат со блокирање на двете форми на COX. Ова се таканаречени неселективни NSAID и ги вклучуваат повеќето најкористени вариетети – аспирин, ибупрофен и напроксен.

Некои NSAID ги блокираат само COX-2 и се наречени селективни NSAID. Селебрексот е селективен NSAID. Обично е потребен рецепт од доктор за да конзумирате селективен NSAID. На повеќето орални NSAID им се потребни 20 до 30 минути за да почнат со функционирање по конзумирањето. Намалувањето на болките кои ги нудат траат 4 до 6 часа или 8 до 12 часа, зависно од видот.

Дали NSAID им наштетуваат на вашите атлетски перформанси?

Прашање за милион долари: доколку воспалението доведува до раст на мускулите, а NSAID спречуваат воспаленија, дали пиењето на ибупрофен пред вашиот тренинг ќе го намали резултатот на вашето вежбање?

Краток одговор: веројатно не.

Долг одговор: продолжете со читање.

Како што е напоменато погоре, повеќе извештаи постојат за NSAID, особено ибупрофенот, можат да ви застанат на патот на тренинг адаптациите кои ви овозможуваат да кревате поголема тежина и да трчате побрзо.

Теоријата е дека при редуцирањето на воспалението непотребно за реизградба на оштетените мускули по вежбањето, вие ги превентирате вашите мускули од адаптирање и станувањето поголеми и посилни.

Една студија од 2002 година често се посочува како потврдување на оваа теорија. Во истата, истражувачите откриле дека луѓето кои користат ибупрофен по тренинг имале намалена синтезија на протеин. Протеинската синтезија е процесот кој вашите мускули го користат за да ги претворат протеините во ново мускулно ткиво.

ибупрофен

Но, една друга студија од 2011 од истите луѓе кои ја направиле онаа од 2002 година, откриле дека користењето на ибупрофен не создаваат мускулна протеинска синтезија. Последователните студии откриле дека ибупрофенот има мал или никаков ефект на растот на мускулите.

Доколку воспалението зависи од COX ензимите, тогаш да, NSAID стојат на патот до адаптацијата на мускулите. Но, воспалението не се потпира на COX ензимите. Како и повеќето физиолошки процеси, воспалението е комплексно и вклучува неколку различни хемикалии и ензими. Дури и ако земете некој ибупрофен пред или после вежбање, вие се уште ќе имате некоја воспаленичка реакција, што ќе овозможи раст на мускулите.

ибупрофен

Користењето на NSAID пред или после тренинг најверојатно нема неповолни ефекти на вашата сила или раст на мускулите. Всушност, многу е веројатно користењето на ибупрофенот пред тренингот да ви помогне во зголемувањето на мускулната маса и силата и ви овозможува да трчате побрзо и подолго. Не бидејќи постојат класични карактеристики на зголемување на мускулите во ибупрофенот, туку преку намалувањето на болката која ја чувствувате, ибупрофенот ви овозможува да тренирате, што ви овозможува конзистентно вежбање, кој ви овозможува да бидете посилни на долг рок.