Ако се мислите за начин на подобрување на здравјето тогаш може треба да почнете да размислувате за ферментирана храна. Корнишони, зелка, кефир, комбуха… што се не. Може ферментирањето на зеленчукот во своите сокови не звучи вкусно, но за некои верувајте е, а исто така и да не заборавиме дека е полна со пробиотици добри за вашиот стомак.

Ваквиот вид на храна станува голем тренд на социјалните медиуми. Но добро е да се знае дека ферментирањето храна е зачувување на „добрите“ бактерии, наместо на „лошите“ бактерии кои ја расипуваат, разградуваат храната. Значи, наместо да скапува, прехранбениот производ, лишен од кислород, развива хранливи придобивки кои се корисни за флората на цревата и се богати со пробиотици.

Направени се многу истражувања за корисните ефекти на ферментираната храна. Според едно истражување извршено врз 26.000 лица на возраст од 44 до 74 години во период од 12 години, каде се истражувало влијанието на ферментираното млеко и поврзаноста со инциденцата од кардиоваскуларни болести, докажано е дека редовното конзумирање на ферментирано млеко може да понуди заштита од кардиоваскуларни болест.

Во друга студија пак е докажано дека конзумирањето на кимчи е поврзано со намалување на телесната тежина и подобрување на метаболичките параметри кај пациенти со прекумерна тежина. Односно ова јадење влијае во намалување на холестеролот и шеќерот во крвта кај луѓето со прекумерна тежина. Па може да почнеме разумно и со план да конзумираме ферментирана храна.