Замислете дома или во ресторан да отворите шише вино кое е многу драгоцено и скапо… и не сакате да го испиете веднаш. Како ќе го спречите процесот на оксидација? Со развојот на технологијата многу компании нудат различни производи со кои би се одржала свеќината на виното подолго време.

Некои од овие технологии се фокусираат на екстракција на кислородот што веќе циркулира во шишето, други на спречување на отстранување на тапата, но една сосема интересна технологија која се фокусира на зачувување на пијалокот и која е добитник на наградата за иновации на CES 2020 ни го привлече вниманието. Всушност станува збор за уредот Albi од италијанската компанија Albicchiere.

Овој уред функционира вака: виното се сместува во Smart Bag која доаѓа заедно со уредот а која е направена од рециклиран, без BPA, УВ блокирачки материјал, кој се сместува во Albi кој користи NFC технологија со која ја одржува идеалната температура на виното.

Во зависност од сортата на грозје, Albi ја прилагодува температурите од 4 степени Целзиусови до минус 20 степени Целзиусови. Сите функции за зачувување и точење се контролираат од наменската Albi апликација, која ви овозможува да си сипетевино додека завршувате со други активности.