Факт е дека брадата и мустаќите во голема мера може да го подобрат или нагрдат изгледот на мажот. Контурите на лицето и густината на брадата значително можат да влијаат врз тоа дали брадата на некој маж ќе стои добро или не.

Меѓутоа, во изборот помеѓу мазно, момчешко лице и она на дрвосечач во најголема мера одлучува личниот избор, стил и впечатокот кој некој сака да го остави на другите.

Каков впечаток остава човек со брада, а каков со избричено лице кај другите луѓе? Со други зборови, дали брадата е симбол на машкоста? Како тоа изгледаше низ историјата, а како денес?

Биолошка, естетска и социјална определба за носење брада

Феноменот на брадестите мажи најпрво може да се види од гледна точка на биологијата. Немаше да има влакна на лицето ако нема конкретна причина да растат таму, зарем не?

Предисторискиот човек бил значително повеќе влакнест на сите делови на телото, дури и на лицето. Влакната им користеле мажите да изгледаат поопасни за своите непријатели во борбата за опстанок.

Исто така, тие биле и се уште се, исклучително корисни во текот на зимските месеци. Значи, може да се каже дека брадата треба да биде на лицето, бидејќи нејзиното место е таму.

брадатаЧовек со брада

Но овој став може да биде меч со две сечила. На жените, исто така, немаше да им растат влакна на различни делови од телото ако не требаше да бидат таму. Но, жените сеуште доста време и труд вложуваат за да се ослободат од овие влакна како данок на новото време.

Ова значи дека влакната, на лицето или на нозете, не се само биолошки, туку естетски и социјално утврдени. Сега, ајде да го преформулираме првичното прашање: дали брадата во моментов е естетски и социјално прифатлива? Да, тоа е.

Доказ за ова барање може лесно да се најде на социјалните мрежи. Едноставно, бради се насекаде. Во последниве години, всушност, брадите станаа многу популарни со актуелизација на хипстер стилот.

Како брадата на прв поглед им изгледа на другите луѓе?

Сепак, не можеме да тврдиме дека брадите во текот на целата историјата биле секогаш популарни. На пример, Александар Велики бил доста строг по прашањето за бричење на брадата и мустаќите кај неговите војници. Тој сметал дека брадата може да го ослабне војникот, бидејќи непријателот можел да го повлече за неа. Така војниците беа лесно препознатливи по чистите лица.

брадата

Старинскиот прибор за бричење

Од друга страна, избриченото лице честопати се поврзува со момчештво. Платон говореше за момчиња со голи образи, момчиња кои штотуку влегуваат во пубертет. Затоа, чисто, избричено лице може да биде синоним за незрелост.

Мажите со бради, значи, на прв поглед им изгледаат сериозно на другите луѓе, даваат впечаток на вистински алфа мажи. Некои студии дури ги карактеризираа брадестите мажи како агресивни. Заклучокот е сосема логичен, агресија и раст на брадата го предизвикува тестостеронот – машкиот хормон.

Во таа смисла слободно можеме да кажеме дека брадата е симбол на машкоста, но исто така може да биде симбол на неуредност. Основната хигиена не секогаш била достапна за сите претходно, па избриченото лице некогаш се преставувало како престиж.

Брадата треба да се негува, како и косата, тоа е потребно да се мие и чешла, затоа што сигурно никој не сака да види маж со остатоци од храна на лицето.

Специјалните масла за брада може многу да помогнат во одржување на брадата и да ја негуваат, така да изгледа уредно и привлечно. Дополнително, ако се одгледува долга брада, треба редовно да се поткаструва и одржува кај бербер.

Покрај тоа, постојат многу начини да се носи брада, а само е еден начин да ја нема . Ова значи дека брадата може да помогне лицето подобро да се вооквири, како и да се истакне она што е најпривлечно на него – машкоста.

Негување на брадата и мустаќите

За среќа денешната козметичка индустрија се повеќе води грижа за современиот маж, па во многу може да помогне во овој процес. И се разбира колку се препаратите поприродни, тоа подобро. Кога станува збор за средствата за одржување на машката брада, сега и македонските мажи ја имаат можноста да ја користат посакуваната природна и рачно изработена козметика.