Што велите за Louis Vuitton јаже? Или Saint Lauren тениски рекет? Секако насочувањето на вежбање во контролирани услови се наметна и функционира доста добро. Со ова модните куќи почнаа да се прилагодуваат на новите потреби и да почнат со креирање на спортска облека, апликации па и додатоци за вежбање.

1. Louis Vuitton- Christopher јаже Десет минути скокање на јаже заменуваат 30 минутно трчање. Помалку напор, помалку време скоро ист ефект. За скокање со стил овој пат го избравме дизајнерското јаже на Louis Vuitton со познатиот монограм е мотивација плус за да се дигнете и посветите внимание на себе.

2. Prada јога подлога Медитација, Vinyasa… за сите кои уживаат во јога сесиите можеби треба да размислите за оваа јога подлога.

вежбање

3. Saint Lauren x Wilson тениски рекет Да се биде најдобриот тениски играч може и не е така лесно достижен, но да се биде најмодерниот играч на теренот… Овој црно-бел рекет во комбинација со Saint Laurent x Wilson тениските топчиња се добар спортски додаток

4. Versace- Medusa 10kg тег Ако вежбте со тежина се вашиот вид на тренинг тогаш овие тегови се одличен додаток во вашата колекција на тегови. Иако можеби од оваа модна куќа очекувавме нешто златно или посветкаво, сепак овој тег може да се пофали само со мотив на Medusa.

5. Tiffany & Co. пинг-понг палки Пинг понгот не е првиот избор, за спорт, кој би го направиле. Но овие палки сигурно се. Изработени од американски орев, обложени со најквалитетната кожа во познатата „Tiffany blue“ боја, со сребрен амблем.

вежбање

6. Hermès „Savana Dance“ ролшули Меѓу другото 2020 го врати духот за танцување со ролшули. Како забавен спорт, дизајнерските ролшули на Hermès ќе внесат малку стил, луксуз во забавата. Всушност ова е генијален дизајн на модниот бренд, бидејќи добивате „две во едно“ бели кожни патики и ролшули со платформа од јавор. Практично и удобно.

7. Dior x Bogarde BMX велосипед Од 2017 година овој моден бренд во соработка со BMX лансира многу ограничено издание на велосипеди. Одредени позлатени велосипеди во само 100 примероци кои се излезени од производство и најновата креација, лансирана во 2019, целосно белиот велосипед облечен во иконската Dior oblique шема. Од овој велосипед се произведени 150 примероци наменети за планински патеки, градски улици, неистражени рути и секако убави фотосесии.

вежбање