Жално е како сите патиме поради неодговорноста на неколкумина. Последиците се сè повидливи, а добар број од луѓето околу нас забораваат или неверуваат колку се едноставни упатствата за сузбивање на вирусот.

Машки Магазин се вклучува во акцијата за подигање на свеста и ве повикува сите вас кој имате креативна нишка. Ќе го следиме примерот кој го започна министерот за здравство, господинот Филипче (креативите во галерија) и ќе ги собираме и објавуваме сите интересни решенија, цртежи, карикатури… кои преку креативен или хумористичен пристап, ќе влијаат на свеста за самокотрола и општествена свест, поврзано со ставање крај на ширењето на вирусот.

Целта – за 14 дена(или порано) да слушнеме дека нема нови случаеви и дека животот се враќа во нормала! 

Инспирирајте се, искористете го времето во самоизолација и праќајте ги вашите решенија потпишани, на нашиот фајсбук профил или инстаграм.