Не го спориме фактот дека ќелавоста е секси. Но, за оние кои навистина не сакаат да се откажат од „гривата на лав“, еве неколку трикови. Всушност, веќе не е тајна дека, многу мажи мора да се обидат со лосиони против опаѓање на косата и зајакнувачки шампони. Неодамнешните студии покажаа дека над 50% од мажите страдаат од ќелавост и феноменот се почесто сè манифестира кај помладата популација.

Најбитно е да се спречи сезонското опаѓање кое се манифестира во јануари и јули, кога ќе се зголеми бројот на фоликуларни структури кои влегуваат во терминална фаза. Иновативен начин е фотостимулацијата, која дури ја има и во форма за домашна употреба, во вид на чешли или капи, со ЛЕД светла, кои ја зголемуваат микроциркулацијата и овозможуваат подобро снабдување со хранливи материи на фоликулите.

Друг начин на кој можете да си помогнете, да го успорите процесот на ќелавост е да престанете да јадете премногу масна храна и храна богата со холестерол. Моќна храна која помага во борбата со опаѓањето се мешунките, зелениот листест зеленчук и агрумите. Зачинот како кари во кој има мешавина на куркума, шафран и морско оревче, го забрзува метаболизмот и циркулацијата на крвта, стимулирајќи го природниот раст на косата.

Употребата на професионални шампони и препарати е битна. Секогаш бидете претпазливи со непрофесионалните производи, изберете ги оние базирани на есенцијални масла од смрека, портокал и рододендрон. Еве неколку препарати кои би ви помогнале да го запрете опаѓањето на косата.