Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска и еден режисер: Билјана Радиноска. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода. Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме?

Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Оваа претстава во продукција на здружението Артопија ќе може да ја погледнете на 30-ти јануари со почеток во 21 часот.