Лондонската компанија D-Fly ќе го претстави првиот електричен скутер наречен Dragonfly Hyperscooter, кој ќе се движи со брзина од 61 километар на час. Овој кул производ е изработен од материјали кои се користат воавтомобилската индустрија со употреба на врвен инжењеринг и технологија.

Рамката е направена од јаглеродни влакна, алуминиум кој се користи во авио и вселенската индустрија и зајакнато Пауловнија дрво. Во продажба ќе биде пуштен летото 2020 и прво ќе биде наменет за американскиот пазар, бидејќи според сегашното законодавство за пазарот во Велика Британија овој производ би бил нелегален.

Dragonfly Hyperscooter

Но промените се добредојдени… Контролниот систем на Dragonfly Hyperscooter е инспириран од оној што се наоѓаат во тркачките автомобили на Формула 1. Управувачката контрола е целосно нова патентирана технологија која нуди тридимензионална контрола синхронизирана со движењата на возачот.

Ротацискиот управувач овозможува возачот да забрза и сопира со една рака, а непречено возење е загарантирано благодарение на двојниот независен систем на суспензија.

Dragonfly Hyperscooter е погонуван од два мотори кои испорачуваат 1.800 вати на секое тркало, а батериите нудат опсег од 18 километри со вклучен стандарден пакет на батерии, со понуда за батерии со поголем опсег кои возможуваат автономија од 46 километри. Возачите можат да уживаат во 4,5-инчен ултра-HD 4k дисплеј.

Трендот за коритење на вакви скутери расте и ќе продолжи да расте, бидејќи микро мобилноста на луѓето им значи многу најчесто поради заштеда на време. Па така сведоци сме на многу компании кои го префрлија фокусот од велосипедите на овој тип на превозно средство. Се надеваме дека оваа компанија ќе успее да си ја реализира целта која си ја поставила.