CopenHill е електрана која се наоѓа во главниот град на Данска и е позната како „најчиста електрана во светот“, бидејќи за создавање на електрична енергија користи отпад. Amager Bakke, како уште е познат овој објект, нуди и низа неверојатни атракции како вештачки скијачки патеки, патеки за пешачење и ѕид за искачувачување на својата фасада.
Овој епицентар на урбан планински спорт, наместо снег има „neveplast”- синтетички материјал кој ги имитира атрибутите на снегот и е стабилен на собна температура,а е доволно лизгав за скијање и сноуборд. Оваа електрана обезбедува енергија за 150.000 домови, а годишно согорува 440.000 тони отпад.
Пешачката патека на CopenHill е долга 500 метри и е оплеменета со вистинско зеленило, а ѕидот е висок 85 метри и е највисокиот ваков ѕид во светот. Во зградата има и rooftop бар и фитнес центри. Постојат четири скијачки патеки кои нудат различни степени на тежина, а посетителите можат да донесат своја ски-опрема или да ја изнајмат на лице место. Целта на Копенхаген е да стане првиот светски јаглерод неутрален град до 2025 година.