Converse и Ким Џонс ги здружија своите креативности во создавање на луксузна изведба на Chuck 70. Бидејќи врската помеѓу поп културата и луксузот сеуште не е завршена, што се гледа од многуте соработки на спортски и луксузни брендови, Converse започна соработка со уметничкиот директор на Dior Ким Џонс. Всушност се работи за луксузна интерпретација на познатите Converse Chuck 70 со делумно транспарентен дизајн. Обувките на генерацијата луксузниот осврт го добиваат со транспарентен TPU „кафез“ и ѓон „trompe-l’oeil“ кој личи на платформа. Патиките во ограничено издание ќе бидат достапни од осми април годинава, а според шпекулациите ќе бидат пропратени со интересна колекција.

View this post on Instagram

A post shared by Converse (@converse)