Откако се појавија на пазарот преклопливите смартфони земаат поголем замав. Compal CHEESE ги разбранува работите со совршен смартфон што може да се преклопи и е наменет за љубителите на фотоапаратот.

Она што е интересно овде е дека има само еден сет на камери, кои можат да се користат како главни или селфи камери. Начинот на преклопување се одвива така што горната третина од дисплејот на Compal CHEESE се обвиткува на задната страна на паметниот телефон. Откако ќе се преклопи, лицето кое го сликате може да види како ќе изгледа фотографијата благодарение на делот од екранот свртен кон нив. Преклопениот раб создава трета, употреблива област што може да функционира како копче за фотографирање или зум, како и приказ на нотификации.

Овој смартфон засега е само концепт позади кој стои тајванска компанија. Концептот има голем потенцијал, поради дизајнот и различностите кои ги нуди. Иако Samsung зафаќа огромен дел од пазарот на вакви паметни телефони, Compal CHEESE има интересен и иновативен, нов дизајн, кој не се повторува и го прави доста интересен.