Никогаш не било подобро време да ги истакнете и искористите своите вештини за готвење и да се почастите со „Comfort food”, убав збор кој има уште поубаво значење. Во изобилие на рецепти од врвни готвачи, може да го прекршите здравиот режим на исхрана за еден оброк или воопшто неморате, има и целосен избор на вкусни но ултра-здрави опции.
Неколку грама повеќе јаглехидрати или масти и не е така страшно, домашната храна уште и ако прави да се чувствувате убаво, удобно и ги задоволува вашите сетила не е нездрава храна. Еве неколку предлози кои можете да ги пробате или да експериментирате со нив.
1. Макарони и сирење:
состојки: 300 милилитри крем за готвење (не растителен), 60 грама blue cheese, 70 грама чедар, 60 грама пармезан, 40 грама маскарпоне, 1 лажица сенф, 500 грама макарони.
Од 70 грама пармезан тргнете настрана 40 грама и измешајте ги со 2 лажици лебни трошки. Ставете го кремот во сад на оган, штом почне да врие тргнете го настрана и додадете го сирењето и сенфот и вратете го садот на тивок оган да се стопи сирењето и да се соедини смесата. Претходно сварените макарони префрлете ги во огноотпорен сад во кој ќе сервирате и истурете ја смесата одозгора. Одозгора посипете го ренданиот пармезан измешан со лебни трошки и наросете. Печете додека не добиете златно-кафена кора на површината.
2. Таљатели со тиквици и песто:
состојки: 250 грама таљатели, 2 млади тиквици и песто.
Пастата и тиквиците исечени на ленти (дебелина на пастата) ставете ги во зовриена, посолена вода и оставете ги 3 минути да се сварат. Кога ќе бидат при крај таљателите, во тавче ставете 3 супени лажици песто на тивок оган да се пропржи и веднаш префрлете ја пастата и тиквиците во тавчето. Промешајте за да биде секоја лента паста обвиена со песто. Сервирајте и по желба наросете босилек или пармезан.
3. Брауни:
состојки: 200 грама путер, 200 грама темно чоколадо, 3 јајца, 275 грама шеќер, 90 грама брашно, 50 грама какао, 250-300 грама состојки по желба (бело чоколадо, Oreo, лешници, бисквити-сецкани).
Загрејте ја рерната на 190 степени цекзиусови. Чоколадото и путерот стопете ги. Со миксер (најјако) матете ги јајцата и шеќерот додека не добиете бледа смеса, со волумен дупло од почетниот. Со нежни движења и пластична шпатула (треба да се внимава на матените јајца да се не разводенат) путерот и чоколадото измешајте ги со матените јајца. Потоа, нежно додадете ги и измешајте ги брашното и какаото. На крај префрлете ја смесата во плех за печење и додадете ги остантите додатоци по желба. Печете 35 минути, не повеќе. Кога ќе го извадите плехот ќе имате кора чоколадна но недопечена средина, не плашете се, смесата ќе продолжи да се готви.