„COFFEE FACTORY“ за вистинско кафе-доживување

Денес, на улица Македонија, во центарот на Скопје беше отворена третата скопска кафетерија од синџирот „COFFEE FACTORY“.

Сега Скопје има три локали кои влегуваат во категорија на професионални кафетерии. Првата е во срцето на Дебар Маало, а втората непосредно до плоштадот Македонија.

По одличниот успех со првите две кафетерии, во третата новоотворена, тимот одлучи да направи мал исчекор за искуството на посетителите да биде комплетно, а тоа е храната.

На денот на отворањето посетителите можеа бесплатно да ги тестираат и вкусат различните видови кафе, подготвени од професионални баристи, предводени од Дејан Богоески, како и вкусните специјалитети од шефот на кујната, Софка Камилоска.

„COFFEE FACTORY“ на Скопје му нуди вистинско кафе-доживување, но и дополнително уживање во вкусна храна и музика.