Италијанската компанија која произведува луксузни јахти го најави Codecasa Jet 2020 концептот кој треба да биде новиот предводник на компанијата. Дизајниран од Фулвио Кодекаса, суперјахтата од 70 метри се карактеризира со чисти линии и огромни простори и е инспирирана од авијациската индустрија, како што се гледа на предниот дел од јахтата, кој потсетува на кокпит на авион.

Изградбата на Codecasa Jet ќе започне во првата половина на 2020 година. Оваа јахта покрај големиот салон и терпезаријата која се наоѓа на палубата има базен и хелидром.

Codecasa Jet

Апартманите се поделени на голем апартман резервиран за сопственикот кој се наоѓа на главната палуба и четири гостински апартмани сместени на долната палуба сите поврзани со лифт.

Покрај овие простории има и посебни простории наменети за екипажот и капетанска кабина. Информации за тоа дали оваа јахта има веќе сопственик, нема.