Coach ја претстави новата кампања за соработката со Champion. Колекцијата Coach x Champion е доста спортска со џемпери, кожни чанти и многу трендовски парчиња. „Возбуден сум што ја претставив Coach x Champion колекцијата, заснована на автентично американско наследство што го споделуваме“ изјави Стјуарт Веверс креативен директор на Coach. Инспирација за оваа колекција е издигање на спортската облека на едно повисоко ниво со употреба на кожа, шари и комбинирање на иконските симболи на свеж, малд и непосреден начин.