Светски познатиот бренд Coach го претстави новиот проект, линија на часовници, со ѕвездата Quincy Brown и нивен бренд амбасадор. Мултиталентираниот Quincy Brown е лицето на кампањата за промоција на новата линија на часовници именувана C001 на брендот.
Фотограф за оваа кампања на Coach е Alessandro Simonetti. Овој бренд кој е синоним за есенцијалниот њујоршки стил, за оваа кампања е надополнет со современа крајност која е карактеристика на лицето на кампањата.
Според Quincy: „Да се работи со бренд како Coach е сон затоа што станува збор за нешто многу повеќе од естетско. Ние не сме само усогласени во вредностите – тие секогаш ми дозволуваа да бидам вистинскиот јас. Пронаоѓањето партнерство како ова е бесценето. Јас сум многу горд што сум дел од кампањата C001. Според мене, времето е највредното богатство во нашите животи, особено сега. Сите имаме исти 24 часа, а тоа правиме во рамките на тоа време е она што навистина не дефинира.“
Стилот и технологијата се инкорпорирани во колекцијата C001. Колекцијата има шест различни стилови, со различни опции за секој стил.