Како дел од справувањето со сообраќајниот метеж, идејата да се ограничи движењето на автомобилите резултира со алтернативи за превоз. Велосипедизмот е најпретпочитан превоз, но кога временските услови се лоши овој избор се избегнува. Имајќи го ова в предвид, CityQ со седиште во Осло претставува фаворит за заштита од непогодни временски услови, сличен на велосипед.

CityQ е развиен за да биде поудобен за секого, дури и во зима и при лоши временски услови. Има прозорец, покрив и ротирачки странични врати, димензии од 87 сантиметри и тежи околу 70 килограми. Овој car-eBike, е усогласен со европските регулативи, односно моторите се ограничени на 250W и максимална брзина од 25 километри на час, опремен со две батерии за опсег од 70-100 километри.

Од компанијата CityQ го опишуваат како „технологија на автомобил и придобивки од велосипед“, што и значело дека можете да возите две деца, багаж, без да се грижите за сообраќајот, паркирањето или менувањето на ланци и запчаници бидејќи се заменети со погон управуван од софтвер како кај електричните автомобили. CityQ вклучува апликација за отворање/заклучување, следење, па дури и изнајмување.