Во 1970 година, јапонскиот производител на часовници Citizen го лансираше својот прв титаниумски часовник, со што го внесе револуционерниот и комплексен материјал во светот на часовничарство. Сега, половина век подоцна, брендот ја слави 50-годишнината од тоа големо достигнување со новата ограничена серија на Citizen Satellite Wave GPS F950.

Citizen Satellite Wave

Благодарение на петте децении на технолошко достигнување, новиот часовник Citizen Satellite Wave сега е произведен од материјал кој е познат како супер титаниум, кој се користи за лунарниот ровер кој во моментов се развива во iSpace во Јапонија. Дводелната конструкција користи пар техники за површинско калење за да ги достигне богатите бои и подобрата отпорност на гребнатинки, додека детализирањето како конкавната површина на 2 и 4 ги прават копчињата од контролниот механизам посуптилни. За напојувањето на часовникот е задолжен соларниот Eco-Drive погон создаден од страна на компанијата.

„Нашите успеси во креирањето на дводелната конструкција на куќиштето користејќи титаниум, кој е познат како тежок материјал за процесирање, ни овозможи да додадеме елегантни дизајнерски карактеристики како што е двобојноста и различното полирање за секоја површина. Чистото пространство на овие ефекти му даваат на куќиштето богата експресивност со својата променлива појава зависно од аголот од кој се гледа или пак светлосните околности“, велат од Citizen.

Citizen Satellite Wave

За оние кои се заинтересирани, новиот Citezen Satellite Wave GPS F950 сега е достапен по цена од 5.000 долари, а е ограничен на 550 парчиња на светско ниво.