Мачни главоболки, осетливост на светлина, гадење… Мигрената е доста честа состојба која не мачи и не ни дозволува нормално функционирање. Досега познатите третмани изгледаат недоволни, но науката откри алтернатива: секс и оргазми. Всушност, постигнувањето оргазам може да послужи како ослободувач на болка во присуство на мигрена. Според невролозите сексуалните односи можат да функционираат како „инјекција на серотонин“. Од студијата во која учествувале испитаници со главоболки со најјак интензитет, откриено е дека во време на оргазам болките наеднаш исчезнале.

Овие видови на испитувања се познати многу од дамна. Всушност во 2013 година во списанието Chepalagia е објавена студија „Влијанието на сексуалната активност врз идиопатските главоболки: Студија за набудување“, за причинско-последични ефекти на сексот и мигрената. Следејќи ги случаите на 800 испитаници со мигрена и 200 чести главоболки, откриено е дека повеќе од половина од нив имале сексуални односи кога имале болка и 70% од нив пријавиле подобрување или исчезнување на болката. Но, сексот и евентуалниот оргазам не се единствените активности кои помагаат при мигрена. Невролозите истакнуваат дека дури и гушкањето помага во производството на окситоцин, што исто така е поврзано со намалување на болката.