Британскиот бренд Christopher Ward додаде нов модел во својата C60 колекција на часовници за нуркање кој е фокусиран на заштитата на околината, користејќи рециклирана пластика од океаните.

Проширувајќи го минатогодишното лансирање во соработка сo #tide SA, швајцарска компанија која ја собира и рециклира пластиката од океаните во форма на предиво или гранули за инјектирано моделирање, новиот C60 #tide нуркачкиот часовник го добива #tide хештегот на короната и задниот дел од куќиштето, двата обложени од прстени од рециклирана сина #tide пластика.

C60 #tide

„Соработувавме со #tide минатата година за креирање на единечно и уникатно ременче за C60 Blue – распродадената ограничена едиција на нуркачкиот часовник кој го креиравме за Blue Marine фондацијата. Фантастичниот успех на овој часовник не научи две важни работи – нашиот тим е инспириран од грижите за околината и нашите клиенти сакаат да не видат како работиме со еко материјали“, вели Мајк Френс, извршниот директор на Cristopher Ward.

42-милиметарскиот C60 #tide од нерѓосувачки челик има инструменти од сафирен кристал изгравирани со 3D брановидна шема испечатени со најсјајната нијанса на Super-LumiNova, Grade X1 BL C1.

Часовникот е водоотпорен до 600 метри, а C60 #tide во себе содржи Sellita SW200 COSC автоматско движење и се продава во 95 проценти биоразградливо пакување. Cristopher Ward исто така ќе донира 5 фунти за секое продадено ременче, без оглед на тоа дали ќе се продаде индивидуално или со некој часовник, на Blue Marine фондацијата.

C60 #tide

C60 #tide часовникот е достапен преку сајтот на Christopher Ward и неговата цена од 1.095 долари со #tide ременче од рециклирана пластика, или 1.215 долари за брезлетната од полиран челик.