Фановите на Manchester United отсега можат да ги наздравуваат победите на својот омилен фудбалски тим со Chivas.
Chivas Regal штотуку го откри Chivas 13 Manchester United Special Edition. Станува збор за виски старо 13 години во чест на 13-те титули во Премиер лигата под водство на Сер Алекс Фергусон од 1986 до 2013.
Вкусот на вискито го надополнуваат ноти на цитрус, млечна чоколада и цимет.
Шишето е декорирано со тематиката и боите на клубот, спакувано со слична кутија со фотографии од клубот и позлатен потпис од Фергусон.
„Ова виски е дизајнирано да го истакне неговиот редок гениј и уникатна способност да извојува победи од година во година“, вели Сенди Хислоп, од компанијата.
Лансирањето ќе се случи оваа есен во САД, а цената на специјалната едиција ќе изнесува 34.99 долари.