Постојат бројни придобивки од ова семе со висока хранлива вредност, кое ни овозможува внес на протеини, витамини (А, Б, Е и Д), минерали ( калциум, калиум, бакар, железо, манган и цинк). Ова семе кое доаѓа од цветните растенија Salvia hepanica, кое припаѓа на фамилијата на нането, потекнува од Мексико и Гватемала. За Маите и Ацтеките чиата заземал битен дел од исхраната, а на нивниот јазик името на ова семе значи „силно”, „моќно”.

Чиа пудингСостојки:
1 чаша бадемово млеко
1 чаша јогурт
6 лажици мед
1/4 чаша чиа семе
1/2 чаша јагоди, сецкани
1/4 чаша бадеми, сецкани

Начин на подготовка:
Во сад измешајте го бадемовото млеко, јогуртот и 2 лажици мед за убаво да се соединат. Додадете го чиа семето и оставете ја смесата да отстои 30 минути. покријте го садот и оставете го да преноќи. Наредниот ден во друг сад измешајте ги исецканите јагоди, бадемите и преостанатите 4 лажици мед. Во 4 чаши или садови за пудинг префрлете ја смесата со чиа семето а одозгора распределете од смесата со јагоди и бадеми.