Компанијата My Time, чијашто семеjна традиција за продажба, дистрибуциjа и
сервисирање на високо квалитетни часовници и накит потекнува од 1920 година, во своето портфолио има 28 брендови на часовници и накит, во 11 продажни салони низ
Македонија.

Од недодамна My Time во својата понуда ги има и часовниците на брендот Tommy Hilfiger.

Од лансирањето на својот бренд во 1985 до денес, Tommy Hilfiger стана глобален пионер на класичниот „кул“ американски стил. Денес Tommy Hilfiger е модна икона. Инспириран од неговиот татко кој 42 години работел како часовничар, Томи Хилфигер во 1985 започнал да ја дизајнира својата колекција на рачни часовници.

Задржувајќи го традиционалниот спортски дизајн, часовниците Tommy Hilfiger се карактеризираат со модерни модели изработени од челик, мултифункционални модели и модели со стоперка, до шик модели изработени со вистински дијаманти. Колекцијата есен/зима 2018 на Tommy Hilfiger, компанијата ја презентира на посебен настан во друштво на избрани гости, меѓу кои бевме и ние.