Никогаш не е доцна за извонреден часовник. Нови модели и ремек дела се лансираат, а ловот на извонреден часовник може треба да почне. Како и секоја година, така и оваа брендовите го покажуваат најдоброто. Од часовници кои оддаваат почит на историјата до извонредни детални парчиња кои се чиста уникатност.

Patek Philippe Nautilus Ref. 5711/1A-014 Часовникот ја гази границата помеѓу спортско и софистицирано. Не’рѓосувачки челик, со маслинесто зелена основа, ремен од бело злато. Внатре, самонавивачкиот 26-330 S C калибар, кој беше претставен на Ref. 5711 во 2019 година.

Vacheron Constantin Historiques American 1921 Sтаромоден шарм кој знае како да ја игра својата историја и да ја заврти во своја полза. Бидејќи оваа година линијата слави стогодишнина, производителот одлучи да го оживее историскиот часовник во три нови верзии и тоа верзија од 40мм и 36,5мм во бело злато и едно ограничено издание од пескарана платина. Модерниот часовник е верен на стилот, држејќи се до вековната естетика, Art Deco формата и уникатноста на деталите, како што е поставеноста на круната.

Tudor Black Bay Fifty-Eight 925 најновиот претставник на овој бренд е првиот нивен нуркачки часовник од сребро. Изгледа совршено, со бојата која прави отстапка од вообичаените бои кои ги носат овие часовници. Часовникот нуди солидна отпорност на вода до 200 метри, напојуван со автоматско движење MT5400 калибар и е COSC сертифициран.

Cloche de Cartier Ако сметате дека сакате часовник со невообичаена форма, „недосаден“, тогаш сте на вистинското место. Нивната колекција Privé го оживеа Cloche de Cartier, часовник од Roaring Twenties, најдобро познат по својата единствена форма на куќиштето- ѕвонче. Формата не е единственото нешто што е уникатно тука. Бројчаникот е ротиран за 0 степени, така што бројот дванаесет се наоѓа на позиција на круната. Со 9626 MC калибар, во жолто или розово злато, или платина овој часовник е интересно парче.

Panerai Submersible Bronzo Blu Abisso Поминаа 10 години откако Panerai воведе бронза во својата постава и легурата стана дел од семејството. Овој пат имаме часовник од 42мм, со неверојатна бронзено-сина комбинација на бои што го истакнува афинитетот на брендот кон морињата. Внатрешноста е Panerai P.900, а часовникот доаѓа во бронзена тока, велур ремен и дополнителен гумен ремен во истата боја.

часовници