Додека сме во исчекување на Geneva Watch Days 2021 настанот кој ќе се одржи помеѓу 30 август и 3 септември, брендовите за часовници не мируваат. Во јули беа лансирани неколку нови модели, почнувајќи од препознатливи брендови, па се до независни изработки. Во прилог ви ги носиме најинтересните.

Alpina

часовници

Познат квантитет со добра цена и добро изработени спортски часовници, Alpina претстави цел опсег на нови модели кои се достапни во 44 милиметри. Основниот, анапологетски машки дизајн на Alpiner 4 Automatic е оддавање почит на пионерите на авантурите и истражувањата и како таков, часовникот е опремен со анти-магнетни и водоотпорни механизми.

Bell & Ross

Bell & Ross го канализира патриотизмот преку својот најнов „летечки“ инструмент. BR 03-94 Patroulle de France ја нагласува врската која Bell & Ross ја има со француските воздухопловни и вселенски сили, како и честа која ја има да биде официјален часовничарски партнер на Patrouille de France (француската акробатска патрола).

Bovet

часовници

Секоја креација на Bovet е ремек-дело и не преувеличуваме во тоа, бидејќи за разлика од повеќето производители, секој Bovet часовник е рачно изработен и се потпира исклучиво на сопствени компоненти и механизми. Во чест на традицијата, Virtuoso VIII Chapter Two Reimagined е високо имагинативен. За доказ, тука се инструментите кои се целосно прекриени со Super-LumiNova и достапни се во жолта, сина, салмон, тиркизна, зелена и виолетова боја.

Czapek & Cie.

За неупатените, Czapek & Cie. има мошне интересна историја, која е испреплетена со Patek Philippe, но за жал, приказната не може да се раскаже во кратки црти. Во секој случај, карактерот е мошне важен во производството на часовници. Во тридимензионалната „flinque“ шема, овој Fratello x Czapek Antarctique Passage de Drake во Viridian зелена боја ја пронаоѓа својата класа. Модерен класично-спортски часовник направен на вистинскиот начин.

Doxa

часовници

Ова е нешто што многумина не го очекуваа. Часовник за нуркање во една сосема беспрекорна боја. SUB 200 Whitepearl можеби не звучи како име за часовник, но овој успева да ги издржи и длабоичините на океаните. Се нуди во шест други бои, а овој култен фаворит продолжува и понатаму да го наоѓа своето место во срцата на оние кои навистина знаат што сакаат.

Frederique Constant

Хронограф доволно добар за деновите поминати на плажа е Runabout Chronograph Automatic. Но, ова не е само уште еден хронограф бидејќи Frederique Constant додаде неверојатни вредносни пропозиции како што е FC-392 механизмот, кој ја зголемува резервата на моќност од 46 часа кај претходната генерација, на 55 часа со овој модел.

Girard-Perregaux

часовници

По новото претставување во 2017 година, Laureato колекцијата доживеа неколку унапредувања. Некои од нив беа навистина иновативни, вклучително и куќиште направено од врвни материјали како карбонско стакло и сафир. Laureato Absolute Ti 230 сепак, прави чекор назад во историјата. Мануфактурата е создадена пред 230 години, во 1971 година, истата година кога Англичанецот Вилијам Грегор го откри титаниумот. Како омаж на овој ланец на настани, новиот примерок на Laureato е направен од титаниум.

H. Moser & Cie.

Под навидум конзервативната фасада на Heritage Perpetual Calendar Midnight Blue Enamel лежи уникатната интерпретација на вечниот календар, онака како што H. Moser & Cie. го разбира. Никаде на друго место нема да се соочите со вечен календар толку минималистички толку лесен за читање. Згора на тоа, часовникот делува прекрасно.

Hermès

часовници

Arceau Toucan de Paradis е производ за сите времиња. Прекрасните сказалки се составени од две навистина тешки вештини, за кои се потребни 5 години за усовршување. Ексклузивната Hermès свилена техника е инспирирана од работилница за кимоно во Јапонија, додека амазонската птица е направена од 500 индивидуално составени елементи. За составувањето на еден часовник е потребна една недела мајсторство.

Hublot

Каква слика ви создава летото во вашиот ум? Азурна и тиркизна вода? Сино небо? Big Bang Unico Summer е сето тоа, но и многу повеќе. Оваа освежувачка палета внесува елемент на забава во еден од најпродаваните модели на Hublot.

Jaeger-LeCoultre

часовници

Спој на мајсторство и уметност, Reverso Tribute Enamel – Hokusai ‘Kirifuri Waterfall’ едноставно е сензационално ремек-дело. Препевот на Kirifuri Waterfall, принтот на дрвени блок направен во раните 1830-ти години, иконскиот Reverso е почит кон Katsushika Hokusai како и доказ за неспоредливиот талент на занаетчиите во редовите на Jaeger-LeCoultre.

Laurent Ferrier

Едно од највпечатливите имиња во високата хорогерија во последните години, Laurent Ferrier, си создаде име за себе преку годишните календарски часовници. Најновото во нивната понуда е École Annual Calendar Navy, истакнувајќи две претежно бујни бои – темно сина и живописно портокалова боја. Иако високото производство на часовници може да биде прилично конзервативна работа, овој годишен календар сигурно ќе привлече големо внимание и ќе ги промени перцепциите.

Ming

часовници

Малезискиот бренд кој го стави независното часовничарство на мапата, повторно направи полн погодок со Ming 20.11 Mosaic кој се одликува со фасцинантни ласерски изработени сафирни инструменти кои одлично се согласуваат со светлината. Исто така е смел потфат со оглед на тоа дека часовникот е неколкукратно поскап од типична креација на Ming. Во секој случај, беше распродаден за неколку минути на веќе постоечките клиенти на брендот.

Richard Mille

Овој бренд има способност да произведе сериозно чудни часовници, а триото RM 07-01 Colored Ceramics се веројатно најживописните и најудобните новитети оваа година. Надвор од површното, секој од RM 07-01 Pastel Blue, RM 07-01 Pastel Pink и RM 07-01 Pastel Lavender доаѓа со сегментирана централна табла со инструменти составена од керамички инсерти и рачно изработена гилокажа.

Roger Dubuis

часовници

Поттикнат од мотоспортот и инспириран од љубителите на автомобилизмот, Excalibur Spider Pirelli е доказ дека магијата може да биде реалност кога соработуваат два бренда со исто мислење, управувани од страста. Како и современите авангардни спортски автомобили, часовникот се занимава со индустриски и механички уметности пропагирани од овие брзински машини со цел да претстави врвен краен резултат што го покажува неверојатното занаетчиство кое Roger Dubuis го има на располагање.

Urwerk

Часовник кој оживува кога ќе падне ноќта, UR-220 SL Asimov свети на начин на кој ниту еден друг часовник не може да замисли, засенувајќи ја и UR-220 серијата на Urwerk, благодарение на уникатните часовнички сателити. Urwerk со право го нарекува затскриен вселенски брод преку ден и луминисцентна инсталација ноќе.

Zenith

часовници

Еден од најважните часовници во историјата и навистина меѓу најистакнатите интегрирани хронографи, A386, најде свој достоен наследник во Chronomaster Original. Овој часовник е повеќе од римејк и истиот се придржува до сите очекувани модерни стандарди, но верно го почитува релевантниот дизајн на неговиот претходник.