Светот на модата не е толку далеку од оној на винарството. Модната куќа Chanel го засили своето портфолио со стекнување на Domaine d’Ile, лозје од 34 хектари на островот Porquerolles на југот на Франција и го создаде своето прво Provencal rosé вино. Извонредна мешавина од mourvèdre, grenache, syrah… морска свежина…симбиоза на лозјето и вегетацијата на островот.

Првата берба е направена во текот на 2019 година, додека rosé виното од оваа година е класифицирано како Côtes de Provence и е достапно онлајн по цена од 19,90 евра. „Во овој извонреден природен амбиент, нашата желба не е да го вклучиме недвижниот имот во глобален еколошки одговорен пристап што ја почитува животната средина, туку и да ја подржиме околинта да размислува и превзема иницијатива во однос на екологијата и зачувувањето, во врска со територијата“ изјави Chanel.