Овие денови, кога небото решава да го потопи светот засолнете се под вистинскиот чадор. Неколку совети како да го изберете.
Чадорот е еден од оние модни додатоци кои го прават мажот вистински џентлмен, барем кога е во прашање изгледот. За однесувањето ќе зборуваме друг пат. Ако во својот гардеробер го немате досега, овие денови се вистинските за да набавите квалитетен чадор (или повеќе од еден) кој го отсликува вашиот личен стил, а кој ќе ве штити од дождот додека ги завршувате обврските низ градот.
Обратна намена низ историјата
Чадорот како додаток, низ историјата се појавил напрво со намена да штити од сонце. Го користеле уште во античките цивилизации, па кралевите, императорите, владетелите, вработувале слуги или робови кои го држеле чадорот над нивните глави.
Околу 1750 година, на еден човек по име Џонас Ханвеј му здодеало да трчи по дождот и секогаш ја да мокри облеката, па наместо на сонце, го искористил својот чадор како заштита од дождот. Неговата идеја на почетокот била исмејувана, но практичноста испливала на површината, па сè поголем бил бројот на мажи кои почнале да го користат чадорот за дожд
Одберете го вистинскиот
На што треба да внимавате кога купувате чадор
- Натстрешница: Главниот дел од чадорот кој мора да е направен од водоотпорен и квалитетен материјал, како би ја извршувал својата првична функција. Убаво проверете дали е стабилно закачен за корпусот на чадорот.
- Рамка: квалитетната рамка е изработена да стои цврсто без да паѓа. Алуминиумските се ефтини и лесни, но често се извиткуваат кога ќе се соочат со јак ветар. Барајте рамка од никел, стаклена волна или челик.
- Механизам на нитни: Има улога да ги спојува деловите на корпусот на чадорот и колку е поквалитетен, толку подолго ќе трае вашиот чадор по години затворање и отворање.
- Рачка: Ова важи за сите чадори кои не се на расклопување. Рачката треба да одговара на вашата висина и да го направи носењето на чадорот пријатно.
Ако ви треба инспирација, ова се некои од моменталните трендови кога се чадорите во прашање.