CES 2020 (Consumer Electronics Show) ги отвори вратите за посетители на 7 јануари. Најголемото светско шоу за потрошувачка електроника и технолошки иновации и оваа година изненади со најновата технологија. Еве дел од технолошките достигнувања претставени на овогодинешното Consumer Electronics Show:
Samsung го претстави новиот 8K телевизор, опремен со AI, вграден Google Assistant и Alexa, како и вграден виртуелен 5.1 surround.
Suunto го претстави ѕверот од smartwatch. Овој смарт часовник нуди над 70 спортски режими, од трчање и возење велосипед до скијање и сурфање, со точно следење на вежбите, музичка контрола и пристап до апликацијата Suunto за детален преглед на тренинзите, до 12 часа траење на батеријата со континуирано следење на GPS.
Lenovo ThinkPad X1 Fold двојно подобар од обичен лаптоп. Всушност Lenovo нуди прилично стандарден лаптоп, со Intel процесор, 13 инчен екран кој се преклопува. Тоа што за нас е неверојатно е тоа што кога ќе се преклопи има големина на таблет со одлики на лаптоп.
Arlo Pro 3 Floodlight волшебникот на SMART HOME SECURITY ја доби наградата CES 2020 Innovation Awards. Карактеристиките вклучуваат низа моќни LED диоди кои осветлуваат широка област, 160 степени, кои се активираат со детекција на движење или рачно, 2K HDR камера, со опција за зумирање, двонасочен звук, вградена паметна сирена …
Philips на CES 2020 откри смарт светла. Корисниците ќе можат да ги вклучат и исклучат светлата, како и да го сменат режимот на осветлување со гласовна контрола.
Специјалистите за безбедност Yale ја најавија нова паметна брава Linus, која се инсталира лесно, има функција за времено автоматско заклучување, кодови за еднократен пристап, дигитални клучеви за гости преку апликација, известувања кога вратата е отворена или затворена…