Компанијата Caviar дизајнираше луксузен телефон базиран на iPhone 11 кој е инспириран и потсетува на SUV возилото на Tesla.

Мобилните телефони на Apple, iPhone, се сметаат за прилично кршливи, а еден пад може да заврши со скапоцени пукнатини. Меѓутоа, овие проблеми на прилично луксузен начин ги решава компанијата Caviar која неодамна ја претстави модифицираната верзија на телефонот, инспирирана од Tesla Cybertruck.

Телефонот пристигнува со алуминиумско куќиште и ги позајмува дизајнерските знаци на Cybertruck кои се огледуваат во геометријата на линиите кои потсетуваат на каросеријата на овој SUV. Суперлуксузниот телефон е ограничен на само 99 примероци, а една од нив ќе чини неверојатни 5.000 долари.

Од Caviar телефонот го опишаа на следниот начин: „Титаниумското тело на овој паметен телефон е заштитено од сите надворешни механички влијанија: Задниот дел, страните, па дури и екранот се скриени под метални плочки. Притоа, целосната заштита на телото не ја нарушува, туку ја зголемува функционалноста на паметниот телефон. Ако сакате да ги користите омилените апликации со удобност или имате видео повици, склопливата заштита на екранот од титаниум се претвора во удобен држач“.

Очигледно е дека во Caviar мислеле на сите детали и на крајот направија луксузен телефон со уникатен дизајн кој е функционален и кој ќе им помогне на оние со подлабок џеб да си дозволат вакво уникатно парче.