Руската компанија Caviar ја откри својата креација наречена Golden Rock и претставува PS5 покриен со 18К злато кој вреди околу 2 милиони американски долари. Секоја поголема површина на конзолата е заменета со исклучителниот материјал со цел да се создаде „вистинско ремек-дело на накит“.

Највпечатливи се страничните плочи на конзолата кои се изработени од 18 каратно злато, моделирани во карпест пејзаж. Инспирација за дизајнот била геометријата на златната руда и грациозната и убава контура на карпата. Наводно за производство на секоја конзола се употребени околу 20 килограми злато, а цената се проценува на нешто повеќе од два милиони американски долари.