Smartwatch. Google. Casio Pro Trek WSD-F30. Со 2,12 инчен дисплеј овој часовник е наменет за авантура не за вечерни забави. Со солиден дизајн, часовникот ги поминува американските воени стандарди за вибрации, удари и екстремни температури, а исто така е водоотпорен до 50 метри.
Пластичниот ремен е доста удобен. Часовникот го користи најновиот Wear OS 2.6 софтвер на Google кој е компатибилен со сите смартфони. Google Assistant и Google Fit кои се дел од оперативниот систем Wear OS 2.6 се фокусираат на двете главни причини за користење на ваков часовник, а тоа се следење на фитнес активностите и брз пристап до вашиот телефон.
Casio додаде неколку сопствени апликации, како виџет за висина, атмосферски притисок, броење на чекори и посебни режими за одредени активности како што се возење велосипед и риболов.
Може да конфигурирате предупредувањата за одредени “моменти”, како зајди сонце и изгрејсонце. Google Maps или Mapbox се апликации кои можете да ги користите за мапирање кои се едноставни и лесни за употреба, па времето поминато во пешачење или планинарење би требало да го оправдаат делот Trek кој овој часовник го има во името.