Индустрискиот дизајнер Игор Јанковиќ, претстави луксузна едрилица со со иновативен и модерен дизајн. Овој објект како што и кажува неговото име Cascada 34 е 34-метарска едрилица во форма на кит која треба да генерира пространа околина со модерен и чист дизајн, и на и под палубата.

Високите перформански на Cascada 34 доаѓаат од хибридната технологија која комбинира соларна енергија преку соларно платно и плочки за електричениот мотор или дизел мотор. Модерниот дизајн има и интегриран отстранлив мултимедијален покрив со звучници, закривен телевизор и амбиентални LED светла. Оваа едрилица може да собере од 10 до 12 лица.