Француската луксузна куќа Cartier неодамна се приклучи на Lion’s Share Fund, иновативната иницијатива поддржана од Обединетите нации која ги зближува корпорациите и потрошувачите заедно за глобална конзервација на дивиот свет на еден сосема нов начин.

Улогата на животните во медиумите, без разлика дали е милениче или некој благороден ѕвер во дивината, долго време е документирана. Само замислете си колку пати имате погледнато филм чија најава започнува со громогласно рикање на лав. Денес, животните се појавуваат во околу 20 проценти од сите реклами во светот, сепак за разлика од своите човечки „колеги“, животните не добиваат никаква поддршка што ја заслужуваат за времето кое го минуваат под рефлекторите. Кога станува збор за дивиот свет во рекламирањето, маките со кои овие животни се соочуваат – опаѓање на популацијата и постепено исчезнување на екосистемите – често минуваат незабележано.

Lion’s Share Fund се надева дека ќе го промени ова. Предводен од Програмата за развој на Обединетите нации заедно со неколку бизниси и партнери на ОН, овој фонд има поставено амбициозна цел да собере над 100 милиони американски долари годишно во следните пет години, кои ќе се наменат за превенција и санација на загубата на биодиверзитетот, како и зачувување на живеалиштата, исто така зачувувајќи ги животните и растенијата кои се под ризик да исчезнат поради човечките активности.

Работејќи директно со брендовите, Lion’s Share собира средства барајќи од партнерите да придонесат со 0,5 проценти од она што го трошат во медиумите секој пат кога некое животно ќе се појави во нивните реклами.

Cartier ќе придонесе многу

Со приклучувањето на Cartier на иницијативата на Lion’s Share Fund, се ветуваат дел од потрошените средства за рекламни кампањи со животни за понатамошни напори за зачувување на дивиот свет. Тоа е сепак дополнителна активност во која куќата работи да се зачува убавината на природниот свет, каде што ја наоѓа својата инспирација.

Сирил Вињерон, претседател и извршен директор на Cartier истакнува: „Како жители на светот, ние веруваме дека наша цел е да го зачуваме биодиверзитетот и да направиме импакт врз конзервацијата на животинскиот свет. Ова значи засилување на поддршката на Cartier за иновативни партнерства како со Lion’s Share Fund и здружување на силите за зачувување на природното наследство на светот за идните генерации“.

Се очекува Cartier да придонесе доста, исто така. Како што секој љубител на накит и часовници знае, пантерот е икона на Cartier уште од 1914 година. Повеќе од една година, Panthere de Cartier колекцијата стана најпрепознатлива на целата марка, со свои амблемистични дизајни фокусирани околу благородниот пантер.