Cartier Privé повторно ги користи своите мајсторски вештини од хорологијата, претставувајќи го новиот Tank Asymétrique. Часовникот црпи инспирација од еден од легендарните дизајни на часовници на куќата, поточно на моделот од 1936 година кој тогаш бил познат како Parallélogramme или Losange.

Часовниците се претставени во шест верзии и секој ќе биде произведен во 100 примероци. Cartier Privé Tank Asymétrique доаѓа со димензии 47.15mm x 26.2mm, а достапен е во розово злато со сива комбинација на бројчаник и ремен, во жолто злато со бројчаник во шампањ боја и кафеав ремен, и со платина кој има сребрен бројчаник и со ruby cabochon или сив ремен. Внатре чука 1917 MC калибар.

Cartier Privé Tank Asymétrique Skeleton, се останатите три верзии кои доаѓаат со 9623 MC, транспарентен механизам. Овие часовници го креваат класичниот дизајн на едно поинакво ниво, што ги прави полуксузни. Оваа колекција ќе биде достапна од Декември 2020.