Ова лето, вниманието на хоролозите од целиот свет ќе биде насочено кон хотелот Four Seasons Hotel des Bergues во Женева, каде аукциската куќа Christie’s ќе одржи уникатна и фасцинантна изложба и продажба. На изложбата ќе бидат поставени 101 часовник од осумдецениското производтсво на Cartier, а продажбата ќе се одвива преку онлајн аукција која ќе се одржи од 7-ми до 21-ви Јули.
На самата аукција ќе бидат изложени и некои од познатите „мистериозни” часовници, а целата аукција е проценета на вкупна вредност од 3,9 милиони до 5,7 милиони швајцарски франци (3,7 милиони до 5,3 милиони евра). Изработките на Cartier секогаш биле предмет на фасцинација поради нивната извонредна деликатност и прецизност, нивниот спектакуларен дизајн, нивната историја.
Претстојната продажба ја открива интензивната соработка помеѓу Louis Cartier и мајсторот хоролог Maurice Coüet на почетокот на 20-тиот век, што „помогна да се зацементира репутацијата на Cartier како водечки производител на ремек дела со скапоцен камен“.