Дизајнери од CAPTN претставија концепт на автономнен електричен ферибот. Концептот наречен Vaiaro претставува алтернативен начини на транспорт за пристанишниот град Кил врз основа на географската локација и состојбата на сообраќајот на градот. На проектот работата повеќе научници и работни групи од универзитети, претставници од политиката, администрацијата и индустријата. Всушност тука се разработени два проекта кои се наречени „floating platform“ и „passage“. Бидејќи користат електричен погон тие се многу тивки, корисни поради трошењето на енергија од обновливи извори, без емисија на штетни гасови. Автономноста дозволува поголема флексибилност, бидејќи би бил достапен цело време.