Компанијата Canoo влегува во потполно нова сфера на автомобилскиот пазар. Таа овој пат се ориентира на пикапи преку кои ќе покаже ново ниво на теренски перформанси и практичност. Додека миниванот беше понуден со батерија од 80 kWh што дава 300 коњски сили, пикапот ќе испорачува двојно повеќе, 600 коњски сили преку нов погонски систем со двоен мотор. Во овој проект на Canoo вметнати се голем број на агресивни визуелни измени со што би се издвојувал од постојната палета на компанијата.

Што се однесува до карактеристиките на возилото, мора да се напомене дека продолжетокот е практично осмислен со цела палета на додатоци кои го олеснуваат патувањето, од модуларен кров и продолжеток, до приклучоци за полначи, светла, куки и скала за полесно качување и симнување на работите кои ви се потребни од кровот. Сето тоа е така дискретно направено така што тука дефинитивно се работи за „ѓаволот се крие во деталите“. Иако цената остана неоткриена, сепак опсегот на ова возило е откриено, 322- плус километри. Почетокот на производството се очекува да започне во втората половина на годината, а испораката во 2023.