Новата Canon PowerShot Zoom камера е компактен апарат со монокуларен дизајн со моќност за зумирање. Најновиот чекор на компанијата да ги привлече потрошувачите кои од конвенционалните фотоапарати се префрлија на своите смартфони е камера со многу моќен зум и неконвенционален дизајн.

Canon PowerShot Zoom беше претставен во 2019 година, а минатата недела беше поставен на платформа за финансирање, достигнувајќи ја целта само 13 часа подоцна. Canon PowerShot Zoom кој тежи само 145 грама има необичен дизајн доволно компактен за да се вклопи во вашата рака. Опремен со 12.1 MP CMOS сензор кој работи со DIGIC 8 процесор, оваа камера може да снима видеа во полн HD.

Но, она што навистина се менува во оваа камера, е телефото леќа, која нуди оптички зум од 100 mm до 400 mm и проширен 800 mm со дигиталното зумирање. Преку апликација PowerShot Zoom може да го поврзете на вашиот телефон, гледајќи ги сликите во реално време.