Call of Duty може да се пофали со 100 милиони симнувања на самото лансирање на мобилната верзија на играта. Со ваков број во само првата недела од промоцијата, играта може да се пофали со титулата најсимнуваната игра за мобилен телефон во историјата. За кратко време, Call of Duty успеа да ги урне рекордите на популарните мобилни наслови како PlayerUnknown’s Battlegrounds и Fortnite со 26.3 милиони и 22.5 милиони симнувања. 

Call of duty

 

Интересно е што ова е бројката на симнувања без да биде играта достапна во Кина, а средствата собрани во самата игра досега изнесуваат 17 милиони долари. 

Околу 51% од симнатите верзии доаѓаа од корисницитена iPhone, додека за Android се припишуваат 44.3%. Најмногу симнувања има во САД, Индија и Бразил.