Линијата на лесни спортски часовници Bvlgari Aluminium добива нова колоритна серија ориентирана кон патувањата, со додаток на GMT компликација на механизмот. На основите на вториот хронограф по популарност на светот, проектот на новите GTM часовници стартуваше минатата година, во текот на ситуацијата во која сите меѓународни патувања целосно беа запрени, но сега делува деак новите модели пристигнуваат во вистински момент и во голем стил, потполно подготвени да го освојат светот.
Наместо да претставуваат традиционални 24-часовни системи, GMT моделите се потпираат на Bvlgari Aluminium сините гумени бројчаници, додека главниот дизајнер на компанијата Bvlgari, Фабрицио Буонамаса, се определи за додавање на црвени и сини „Pepsi“ колорити во рамките на бројчаникот, со сказалка во облик на стрела која го прикажува Гринич средното време.
Часовниците користат B192 автоматски механизам со 42-часовна резервна сила и опција за подесување на GMT сказалките и локалното време со употреба на круната за навивање.
Со 40 милиметри големото алуминиумско куќиште, титаниумскиот заден дел и гуменото ременче, Bvlgari Aluminium моделите секогаш претставувале добри кандидати за патнички часовници поради големиот комфор кој го нудат во текот на носењето. Италијанската часовничарска компанија се потпре на овие карактеристики при креирањето на првата серија на моделот во текот на 1998 година, која стана официјална марка на часовници на Boeing 747 флотата на компанијата Alitalia.
Bvlgari Aluminium GMT часовниците се достапни во официјалните Bvlgari бутици и на сајтот на овој бренд по цена од 3.500 долари.