Унисекс модата зафаќа се поголем замав. Истото почнува да се случува и со накитот. Мажите кои се појавуваат на црвениот тепих носат накит, на пример Мајкл Б. Јордан на Оскарите минатата година се појави со Piaget брош, за време на годинешните Греми награди Diplo се појави со гердан со тиркизни дијаманти на Bvlgari, додека Шон Мендез носеше бисери.
Тоа се случува и во обратен правец, на пример машките часовници Octo Finissmo повеќе се сакани и купувани од жени. Поради славата која ја ужива брендот во моментот, додаде уште едно парче во целата своја приказна лансирајќи нова, унисекс B.Zero 1 колекција.
„Пред пет или шест години, забележавме дека многу мажи ја купуваат колекција, не само за нивните сакани жени, туку и за самите себе. Тие го сакаат силното дизајнерско педигре и фактот дека станува збор за архитектонски инспирирана линија што личи на Колосеум “, вели Баби, извршниот директор на Bvlgari.
И покрај неверојатните парчиња со кои може да се пофали брендот, B.Zero 1 е во срцето на марката. Ова е всушност најпродаваната колекција со нивниот потпис во целиот свет.