Под креативната палка на Рикардо Тиши, британскиот моден бренд со долга традиција, се претстави на модната недела во Лондон со колекцијата за мажи и жени наменета за пролет 2020 година. Италијанското во Тиши и француското кое го стекна за време на неговиот престој во Givenchy беа забележани во новата колекција и поздравени од модните критичари и публиката, бидејќи дадоа една свежина на британската мода.
Палетата на бои беше препознатлива за брендот, заедно со оделата со строг крој, додека допирот на Тиши можеше да се забележи во покомотните парчиња, маици, дуксери, јакни и шорцеви.