Совршената транзиција во колекцијата на Burberry за есен, предесенската постава на брендот за 2020 година носи модерна интерпретација на класиците. Дизајнерот Рикардо Тиши го нуди практичното искуство од уличната облека преку иконските модели на Burberry како што е препознатливиот мантил на овој бренд. Преголемата форма и големина и неутралните бои се еден вид контраст во однос на живописните јакни во повеќе бои.

Изложувајќи повеќе дизајни за престојната предесенска сезона, моделите Кристијан Јаковлевс и Рис Нилсон се појавија во студиото за да позираат со новите модели на Burberry кои ќе бидат достапни до купувачите за оваа сезона. Моделите позираа пред фотографот Данко Стајнер, а за нивниот изглед се погрижи Ана Штајнер. Клучните парчиња се движат почнувајќи од камуфлажните и тартан панталони, па се до трендовската зелена јакна.

Впрочем, погледнете и самите во продолжение како изгледа новата предесенска постава на Burberry за 2020 година и нивниот must-have изглед за престојните есенски денови.