Серијата која е ѕвезда на CBS во поглед на рејтингот се враќа на малите екрани. Четвртата сезона од тв драмата Bull која го освои вниманието на љубителите на интрига, детективска и психолошка игра и интересни заплети, ќе биде достапна за своите фанови на 23 септември годинава. 

Главната улога на Џејсон Бул повторно му припаѓа на Мајкл Ветерли, а покрај него ќе се појават и Фреди Родригез како Бенџамин Бени Колон, Џенева Кар како Мариса Морган, невролингвистички експерт, Џејми Ли Киршнер како Дениел Дени Џејмс, главниот детектив и Кристофер Џексон како Чанк Палмер, моден стилист кој ги подготвува клиентите за суд.