Иако автомобилската компанија можеби не размислува да влегува во овие води, сепак дизајнерот Фабио Мартинс се обиде да замисли како би изгледала концептуалната еспресо машина инспирирана од Bugatti Chiron. Еспресо машината Bugatti Etiron која во себе има автомобилска ДНА, изгледа многу луксузно и полна со адреналин како и самиот автомобил.

Бидејќи машината е инспирирана од Bugatti Chiron, доаѓа во иста боја како и автомобилот, а на предниот дел совршено е отелотворена решетката на автомобилот. Задниот дел од Etiron исто така ја следи линијата на автомобилот, а за да се истакне автомобилската ДНА, дизајнерот дури ја детализира „шасијата“ на машината за кафе, замислувајќи ја внатрешната архитектура на апаратот.