Bugatti Divo, кој премиерно беше претставен пред две години, ќе биде произведен во 40 примероци, а со можностите за персонализација речиси секое возило ќе биде уникатно.

Цената на Bugatti Divo изнесува пет милиони евра и сите примероци се веќе одамна распродадени, а Bugatti за сопствениците на овој луксузен суперавтомобил, чија испорака се уште не е започната, подготви безброј можности за персонализација, што сугерира на фактот дека речиси секое возило ќе претставува уникат само по себе.

Bugatti Divo

Bugatti објави неколку фотографии со кои открива дел од предлозите кои ги нуди на заинтересираните купувачи, а сопствениците кои посакуваат свој уникатен Divo ќе минат по пет часа во компанијата во Молсхајм каде заедно со дизајнерите ќе ги избираат боите и деталите на каросеријата, боите и материјалите во кабината, деталите на фелните…

На купувачите им е оставена и можноста својот Divo да го украсат со сопствениот потпис, со семејниот грб, знамето на земјата од која потекнуваат, и така натаму…

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk