Bugatti го слави својот успех во воздухопловната индустрија и тркањето од почетокот на 20-тиот век со специјалниот модел Chiron Sport Les Légendes du Ciel. За автомобил чие производство е ограничено на 500 единици, Bugatti Chiron веќе доби неколку специјални едиции.

Најновиот модел е наречен Les Légendes du Ciel или „легенди на небото/рајот“ и претставува почит за славните тркачи од минатиот век, од кои поголемиот дел биле поранешни пилоти и летечки асови. Базиран на Chiron Sport и ограничен на само 20 единици, секој од нив чини 2,88 милиони евра без данок, а овој Les Légendes du Ciel модел пристигнува со голем број ексклузивни детали во внатрешноста и надворешноста.

Овој ограничен модел ќе влезе во производство кон крајот на годината, а испораките се очекуваат кон почетокот на 2021. И додека обично за Bugatti мислиме како за производител на автомобили, компанијата исто така има и долга историја во создавањето на мотори за воздухопловната индустрија.

„Bugatti има блиски врски со авијацијата со оглед на тоа дека компанијата беше основана пред повеќе од 110 години.Голем број успешни Bugatti тркачи, како Алберто Диво, Роберт Беноа и Бартоломео Костантини летаа за француските воздухопловни сили, француската авијациска легенда Ролан Гарос приватно поседувал Bugatti Type 18 за да биде брз на копното исто како во воздухот. Поради тоа, наша обврска е денес да им одадеме почит на легендите од тоа време и посветуваме специјална едиција за нив“, изјави претседателот на компанијата Стефан Винкелман.

Авијациско влијание Chiron Sport Les Légendes du Ciel е финиширан во Gris Serpent, нијанса инспирирана од екстериерната боја на леталата во 20-тите години од минатата година. Каросеријата е украсена со сјајна бела централна лента, која се движи од хаубата до задниот спојлер. Сината, белата и црвената боја на француското знаме се наоѓа на предниот дел од прговите, а на предните крила се наоѓа и специјално лого.

Препознатливата решетка се карактеризира со сјаен црн финиш додека Inconel трим прекривката на издувниот систем и црниот карбон доминираат на задната страна. При влегувањето во внатрешноста впечаток оставаат специјално изработените прагови. Les Legendes du Ciel логото се испишува на земјата, а во моментот кога ќе влезете внатре, може да се забележи Gaucho кожа, потсетник на природната кожа која се наоѓала во леталата на почетокот од 1900-тите години.

Алуминиумскиот трим овозможува контраст и е придружен од алуминиумски инсерти со Les Legendes du Ciel лого на потпирачите за глава и нумерирањето на специјалното издание. На крајот, тука е и рачно нацртаната тркачка сцена меѓу Bugatti Type 13 и Nieuport 17 авион, изграден од 1916 и популарен поради своето добро маневрирање, брзината и сигурноста.

Comfort седиштата и стаклениот покрив се достапни како опција. Под црниот карбон капак на задниот дел се наоѓа квад-турбо 8,0-литарскиот W16 мотор кој се уште испорачува 1.500 КС и 1.600 Nm максимален вртежен момент, кој на Chiron Sport му овозможува да достигне електронски ограничена максимална брзина од 420 километри на час.