Индустрискиот дизајнер Рафал Заниецки (Rafał Czaniecki) го претвори елегантниот спортски автомобил Bugatti Chiron во робустен теренец. Концептот наречен TERRACROSS е замислен за алтернативна реалност и вклучува редизајнирани тркала, светла како и дополнителни елементи околу автомобилот кои го трансформираат во 4×4 возило. Концептот е мешавина на автомобил со високи перформанси и теренско возило.

„Автомобилската индустрија се менува, луксузните брендови лансираат џипови и истражуваат нови форми и стилови кои често даваат изненадувачки ефекти“, објаснува Рафал Заниецки.

Една од впечатливите елементи на концептот е 3Д-отпечатен метален скелет и „браниците“ на тркалата кои се наоравени од транспарентна смола.