Bud Light реши да влезе во бизнисот со играчките конзоли и изгледа дека добро би се позиционирал меѓу Xbox и PlayStation 5. Наречена BL6, овој луд изум има форма на 6 лименки пиво, 16 гигабајти меморија и ASUS-проектор. Конзолата доаѓа со шест игри како Tekken 7 и Soulcalibur VI.

Но најдобриот дел е тоа што оваа конзола има место за две лименки пиво а во исто време ја одржува температурата на пивата. Бидејќи постои само една ваква конзола, таа е ставена на аукција со почетна цена од 4.000 американски долари. Средствата од продажбата ќе одат за Националната фондација за ресторани, поддржувајќи ја програмата „Промената е на менито“.